Breaking News

ЕУ со суфицит во трговската размена од 85,4 милијарди евра во третиот лански квартал


Во третиот квартал од минатата година ЕУ забележа суфицит во трговската размена со странство од 85,4 милијарди евра, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.


Во вториот лански квртал ЕУ имаше суфицит во трговската размена од 74,2 милијарди евра, а во периодот јули-септември 2022 година оствари дефицит од 69,9 милијарди евра.


Во третото тримесечје од 2023 година суфицитот кај трговската размена на стоки е зголемен за 22,9 милијарди евра, на размена на услуги е намален за 10,4 милијарди евра.

Суфицитот на примарниот доход е намален за 1,2 милијарди евра, додека кај секундарниот доход се бележи благо зголемување на дефицитот за 0,1 милијарди евра.


Како што јави дописникот на МИА од Брисел, најголем суфицит во тргвската размена ЕУ има со Велика Британија од 69,2 милијарди евра, пред САД од 33,6 милијарди, Швајцарија од 16,1 милијарди евра), Канада од 11,2 милијарди, Бразил од 7,1 милијарди, Хонг Конг од 6,9 милијарди евра), Русија од 3,4 милијарди евра и Јапонија од 600 милиони евра.

Суфицит од 6,3 милијарди евра е забележан и со офшор финансиските центри.


Од друга страна, најголем дефицит во трговската размена, ЕУ остварила со Кина од 35,6 милиради евра, по што следи Индија со 600 милиони евра.

Кога станува збор за директните инвестиции, приходите од нив во ЕУ во третиот лански квартал се намалиле за 1,2 милијарди евра, а обврските по нив пораснале за 2,1 милијарди евра.


Како резултат на тоа, во посоечниот период во ЕУ се вложени директни инвестиции од остатокот од светот во нето износ од 3,3 милијарди евра.

Во исто време, инвестициите оствариле нето прилив од 35 милијарди евра и нето одлив од 110,7 милијарди евра.

Меѓу членките на ЕУ, најголем суфицит во трговската размена во третиот квартал од 2023 година оставрила Германија од 69,6 милијарди евра, пред Холандија од 32,2 милијарди, Ирска од 20,8 милијарди, Шпанија од 10,4 милијарди евра, Шведска од 10 милијарди евра, Италија од 9,9 милијарди и Данска од 8,5 милијарди евра.

Од друга страна, најголем дефицити од 9,2 милијарди евра бележи Франција, пред Романија од 6,7 милијарди и Белгија од 1,9 милијарди евра. сп/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА