Breaking News

ЕУ со санкции за шест лица и една организација поради поткопување на стабилноста и безбедноста на Молдавија


– Европска Унија воведе санкции против шест лица и една паравоена организација, кои треба да го поткопаат „владеењето на правото, стабилноста и безбедноста“ во Молдавија.


– Молдавија е една од земјите најпогодени од последиците од илегалната инвазија на Русија на Украина.


Има сериозни, засилени и постојани обиди за дестабилизација на оваа земја, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Санкциите се – замрзнување на имотот и воведување забрана за влез во ЕУ, а на граѓаните и на бизнисите на ЕУ им е забрането да обезбедуваат готовина на санкционираните.


Меѓу санкционираните се и висок член на руската Федерална служба за безбедност Дмитриј Милутин, паравоената организација Скутул Попорулуи и нивниот лидер Кирил Гузун.

Во соопштението на ЕУ за новите санкции се наведува дека Милутин е „одговорен за тајните операции на Русија во Молдавија од 2016 година, особено во регионот на Придњестровје“.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА