Breaking News

ЕУ подобро ќе ги заштити потрошувачите од флуктуации на цената на струјата


Потрошувачите во Европската унија ќе бидат подобро заштитени од силно флуктуирачките цени на електричната енергија бидејќи преговарачите постигнаа договор за реформата на пазарот на електрична енергија во ЕУ.


Договорот беше постигнат утрово меѓу претставниците на земјите од Европската унија и Европскиот парламент во Стразбур.


Покрај стабилизирањето на цените, реформата има за цел да го промовира проширувањето на производството на обновлива енергија во ЕУ.

Компромисот се заснова на нацрт-законот на Европската комисија, чија цел е подобра заштита на потрошувачите на ЕУ од силно флуктуирачки цени на електричната енергија, како минатата година кога цените на струјата привремено пораснаа откако Русија го намали увозот на гориво во блокот.


Новите долгорочни договори меѓу владите и производителите на електрична енергија, според кои државата би се вклучила доколку пазарната цена падне под договорената цена, се централни во реформските напори.

Ова има за цел да го поттикне домашното производство на зелена и нуклеарна енергија преку обезбедување поврат на инвестициите. зш/ .


Извор: МИА