ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло  


Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас Јагли Зејтини“.


 Станува збор за трпезни маслинки со црно-виолетова боја од сортата „Мемеџик“ одгледувани во реонот на Милас во југозападна Турција, ферментирани во саламура и конзервирани во маслиново масло произведено од истата сорта со свежи парчиња лимон.


 Специфичноста на маслинките е условена од климатските услови во регионот во кој растат, а конзервирањето во маслиновото масло и лимон ги подобрува нивниот природен вкус и арома.

 Маслинките „Милас Јагли Зејтини“ станаа 1654 земјоделски производ на листата на стоки на ЕУ со ознака за заштитено потекло. сп/ссм/ .


Извор: МИА