Breaking News

ЕУ и Белата куќа го осудија рускиот напад во областа Херсон


– Денешниот руски ракетен напад врз селото Хроза, областа Херсон, при што загинаа 51 човек го осудија Европската Унија и Белата куќа.


– Со овој крвав напад врз селото Хроза, руското насилство достигна ново и уште позлобно ниво.


Намерните напади врз цивили се воено злосторство … Руските лидери, команданти, сторителите и соучесниците на овие злосторства мора да бидат повикани на одговорност, изјави шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.

Белата куќа рускиот напад го оцени како „застрашувачки“. – Мораме да продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ, бидејќи живее во ужасна реалност секој ден, изјави портпаролката на Белата куќа.


Во областа Херсон од утре е прогласена тридневна жалост. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски по нападот повторно побара од западните земји да достават системи за противвоздушна одбрана.

 ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА