Breaking News

ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули, најави Кристин Лагард


Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули за да се бори против инфлацијата во еврозоната, изјави нејзината претседателка Кристин Лагард за време на централниот банкарски форум во Синтра, Португалија.


– Нашата работа не е завршена. Доколку не видиме значителна промена во изгледите, ќе продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки во јули, истакна таа.


Во блиска иднина, малку е веројатно дека централната банка ќе може со сигурност да каже дека каматните стапки го достигнале врвот. ссм/фото: ЕПА архива .

Извор: МИА