Breaking News

Ердоган: Инфлацијата и слабата излезност влијаеа на изборните резултати


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган зборуваше по локалните избори во оваа земја и дебаклот што неговата партија го доживеа во речиси сите поголеми центри во Турција.


Тој, според турските медиуми, нагласил дека трошоците за живот и инфлацијата влијаеле на изборните резултати.


Ердоган се обратил до Извршниот комитет на АКП и дал јасни инструкции на членовите на партискиот комитет и рекол дека гласачите не излегле во голем број на изборите.

-Тој рече дека во актуелната ситуација удел имаат партискиот штаб, кандидатите и партиската организација.


Посебно нагласи дека се што се случило од процесот на селекција на кандидати до спроведување на изборите ќе биде детално оценето, пишува Си-Ен-Ен Турк.

Ердоган посочи дека по враќањето во Турција ќе ги посети сите победнички региони. -Сега сум зафатен, имам некои патувања.


Кога ќе се вратам од Америка и Саудиска Арабија, се надевам дека ќе ги посетам нашите победнички региони, заклучи турскиот претседател. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА