ЕПИ ќе учествува на пед-сесија на четвртиот циклус од Универзалниот периодичен преглед на ОН


Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска ќе информира за учеството на престојната пред-сесија на четвртиот циклус од Универзалниот периодичен преглед на Обединетите нации, која се одржува од 2012 година, еден месец пред главната сесија.


 Истражувачките од ЕПИ ќе учествуваат на пред-сесијата, на која ќе презентираат констатирани состојби, заклучоци и препораки од коалиција на невладини организации на земјава за одредени човековите права за периодот опфатен со циклусот.


Претставници на ЕПИ ќе го објаснат форматот на Универзалниот периодичен преглед, извештајот, препораките и начинот на следење на препораките, како и дел од состојбите кои ќе бидат презентирани на сесијата во Женева.

са/бак/Фото: ЕПИ .


Извор: МИА