Breaking News

Електронската трговија и дигитализацијата играат клучна улога во развојот на пазарот на ЦЕФТА


Конференцијата CEFTA Week 2023 наречена „e-CEFTA: Кликни, поврзи се и тргувај“, која собра околу 300 учесници и во живо и онлајн, се одржа денеска во Подгорица.


Традиционалниот годишен собир на високи функционери од економиите на ЦЕФТА, Европската Унија и други регионални и меѓународни организации, заедно со претставници на бизнисот, даде можност да се истражи потенцијалот на дигиталната трговија со фокус на создавање поефикасна и меѓусебно поврзана трговска средина.


Исто така, настанот беше можност да се сумираат постигнатите резултати и да се постават основите за идниот тек на дејствување. .

Извор: МИА