Breaking News

Експресниот пат Штип – Кочани во прекин поради сообраќајка


АМСМ соопшти дека експресниот пат Штип – Кочани од 12:50 часот денеска е во прекин поради сообраќајна незгода.


Сообраќајот на останатите државни патишта, наведува АМСМ, се одвива непречено, по суви коловози.


Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.


Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/са/фото: МИА архива .

Извор: МИА