Breaking News

ЕКОВАС испрати дипломатска мисија во Сенегал


Економската заедница на западноафриканските држави ЕКОВАС испрати дипломатска мисија во Сенегал за да разговара за политичката ситуација во земјата по одложувањето на претседателските избори, соопшти денеска парламентарната канцеларија на блокот, цитирана од британските медиуми.


За време на мисијата, која ќе трае од 12 до 14 февруари, претседателот на парламентот на ЕКОВАС, Сиди Мохамед Тунис и неговите членови ќе се сретнат со сенегалските власти, политичари и претставници на јавноста, се вели во соопштението.


Во рамките на ЕКОВАС функционираат парламент, судница, економски и социјален совет и развојна инвестициска банка. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА