Breaking News

Економски форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста”


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се обрати на панел дискусијата „Политики за рационализација на парафискалните давачки и реформи за повисока конкурентност” во рамки на Економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста”, во организација на Фајнанс тинк.


 Како што најавија организаторите, воведно обраќање на панел дискусијата ќе има Џулијан Васало, заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, по што ќе се обрати и Благица Петрески, извршен директор на  Фајнанс тинк.


 На денешната панел – дискусија, како што е најавнео, ќе учествува и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во делот на дискусијата за промоција на 18 општини, дел од првата палтформа за парафискални давачки, најавнео е учество на градоначаниците, на општините Центар, Берово и Долнени, Горан Герасимовски, Звонко Пекевски и Урим Ибески.


Ќе биде промовирана и на платформа за општински податоци. цр/са/Фото: Фајнанс тинк  .

Извор: МИА