Breaking News

Екипи на „Охридски комуналец“ ги чистат плажите од цврст отпад


Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ спроведуваат активности за чистење на источниот брег на Охридското Езеро, поточно крајбрежниот појас на потегот од населбата „Даљан“ во градот до Свети Наум.


Од претпријатието посочуваат дека се подигнува тешко разградлив комунален отпад оставен од несовесни граѓани, како и отпадот што го исфрла езерото на брегот, во најголем дел пластична амбалажа, лименки, најлонски кеси и слично.


Акцијата за чистење на крајбрежејто ќе продолжи и наредните денови. аб/дма/

Охрид, 2 февруари 2023 (МИА)