Breaking News

ЕК предложи 2,8 милиони евра помош за поранешните работници на „Макро“ во Белгија 


– Европската комисијата предложи пакет поддршка за 421 поранешен работник на банкротираната подружница на холандскиот синџир на супермаркети „Макро“ во Белгија, во вкупна вредност од 2,8 милиони евра.


Средствата за поранешните работници на белгиската „Макро Кеш енд Кери“ треба да бидат одвоени од Европскиот фонд за прилагодување на глобализацијата на отпуштени работници (ЕГФ).


Како што јави дописникот на МИА од Брисел, предлогот на ЕК следи откако Белгија во јули годинава поднесе барање за поддршка до ЕГФ, со цел да им помогне на поранешните работници на „Макро Кеш енд Кери“ во регионот Валонија.

Пакетот за поддршка на отпуштените работници вклучува советодавни услуги, помош за барање работа, обука за стручни, дигитални или јазични вештини, како и грантови во износ до 15.


000 евра за започнување сопствен бизнис.

Според проценките, вкупните трошоци за реализација на овие мерки ќе изнесуваат 3,2 милиони евра, од кои 85 отсто или 2,8 милиони евра би биле обезбедени преку ЕГФ, а останатите 15 проценти или 499.


000 евра би ги финансирал белгискиот регион Валонија. За да стане полноважен предлогот за помош на ЕК треба да биде одобрен од Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Белгиската подружница на „Макро Кеш енд Кери“ прогласи банкрот во јануари годинава, откако последните неколку години работеше со загуби, кои дополнително се зголемија за време на ковид пандемијата.


По банкротот на „Макро“ во Белгија, без работа останаа 1431 лице.

Помошта се однесува само за поранешните работници од франкофонскиот регион Валонија, пред сè од градовите Хено и Лиеж, кои во најголем се на возраст од над 50 години и со понизок степен на образование.

Во Белгија постои значителна диспропорција меѓу стапката на невработеност во франкофонскиот регион Валонија и холандофонскиот Фландрија.

Според податоците на Белгиското статистичко биро (Статбел), стапката на невработеност во Валонија изнесува 8,8, а во Фландрија 3,1 отсто. сп/јт/ .

Извор: МИА