Breaking News

ЕК обезбедува половина милијарда евра за развој на производството на муниција


– Европската комисија соопшти дека обезбедува 500 милиони евра за развој на европското производство на муниција.


Овие средства се очекува да се искористат за создавање капацитет за производство на два милиони проектили годишно од следната година.


Во соопштението се истакнува дека во буџетот на ЕУ се предвидени две милијарди евра за поддршка на европската одбрана, вклучително и преку заеднички јавни набавки.

Комисијата ги оцени пристигнатите предлози за поддршка на одбранбеното производство и избра 31 проект поврзани со производство на експлозиви, проектили и ракети.


Проектите ќе се финансираат со 513 милиони евра од буџетите на ЕУ и Норвешка. Ова финансирање ќе привлече дополнителни инвестиции до вкупно 1,4 милијарди евра, објаснува ЕК.

Се додава дека од почетокот на годинава ЕУ има можност да произведува по еден милион проектили од 155 мм годишно.


Денеска, комисијата предлага да се обезбедат 310 милиони евра за заедничка набавка на муниција, системи за противвоздушна одбрана, за замена на застарената воена опрема и за надополнување на залихите исцрпени поради помошта за Украина.

ЕК потсетува дека одвои 1,1 милијарда евра за воено технолошки развој. јт/ .


Извор: МИА