Breaking News

Еден војник загина, а друг е во критична состојба откако ги прегази тенк на обука во Полска


Еден полски војник загина, а друг е тешко повреден кога борбено возило со трага ги прегази на воен полигон во северозападна Полска, соопштија официјални лица.


-Несреќата се случила во центарот за обука на копнените сили во Дравското Море, изјави мајорот Томаш Зигмунт од воената полиција.


Тој изјави дека повредениот војник е префрлен во болница во критична состојба. Официјални лица рекоа дека несреќата не е поврзана со вежбите на НАТО што се одржуваат во Полска. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА