Breaking News

Две привремени автобуски линии поради Саемот на книга


Од денеска до 10 мај 2023 година во редовниот линиски превоз се вклучени две привремени линии кои сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“, каде се одржува „Саем на книга 2023“.


Тоа се линиите 100 и 200, првата сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.


Како што информира ЈСП „Скопје“, цените на автобуските билети се редовни, според официјалниот ценовник на претпријатието, како за користење и на другите линии.

Трасите на движење се објавени на  веб-страницата на ЈСП „Скопје“ и на Фејсбук. мд/са/Фото: МИА архива      Извор: МИА.