Двајца загинати во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос


– Безживотните тела на две лица биле извлечени по несреќата со гумен чамец со мигранти што во текот на ноќта се случи во близина на грчкиот остров Лезбос, додека пак на копно биле пронајдени осум живи лица, а едно е пренесено во болница, јави дописничката на МИА од Атина.


Според грчките медиуми, преживеаните рекле дека во чамецот се пренесувале околу 35-36 лица, а тргнале од турското крајбрежје.


Поради лошото време и силниот ветер, гумениот чамец бил турнат кон карпест дел на копното, од каде што успеале да се спасат осумтемина мигранти.

Во тек е спасувачка акција на копно на Крајбрежната служба на Грција за откривање на останатите лица, кои се превезувале во чамецот, а според проценките, успеале навреме да го напуштат. ср/паг/ .


Извор: МИА