Breaking News

Два земјотреси го погодија Непал, почувствувани и во Индија


Два земјотреси денеска го погодија западен Непал, а едно лице е повредено.


Првиот земјотрес бил со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 5,6 степени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Непал.


Оштетени се некои згради, а активиран е и одрон кој го блокирал главниот автопат.

 Земјотресите биле на длабочина од 10 километри, а тресењето на земјата се почувствувало и во делови на Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА