Breaking News

Дуда ги повика земјите од НАТО да го зголемат производството на муниција


Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика другите земји од НАТО да го зголемат производството на муниција за да ги одвратат потенцијалните напади од Русија, јави ДПА.


„Цела Европа треба да ги здружи силите со САД за да произведе повеќе (муниција), особено артилериски гранати.


Тоа е неопходно за да се гарантира нашата безбедност, рече Дуда во интервју за литванската телевизија.

Дуда е во Литванија во врска со самитот во Вилнус на земјите од таканаречената иницијатива „Три мориња“. Групата обединува 13 земји-членки на ЕУ распоредени меѓу Балтичкото, Јадранското и Црното Море.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА