Breaking News

Државното правобранителство за конфискацијата на „Трансмет: Преземени се сите мерки и правни дејствија за заштита на имотните права на Републиката 


Во врска со спроведувањето на конфискацијата врз имотот на „Трансмет“, Државното правобранителство соопштува дека по добиеното Барање од Агенцијата за управување со одземен имот ги има преземено сите мерки и правни дејствија за заштита на имотните права и интереси на Република Северна Македонија.


– Во таа насока, поднесени се тужби за утврдување на неважечки правни дела.


Во овие постапки првостепениот суд ги има уважено посебните барања и има определено привремени мерки за забрана за отуѓување, оптоварување или на било кој друг начин располагање со недвижностите, се наведува во соопштението од Државното правобранителство на Република Северна Македонија.

При тоа, како што посочуваат од Државното правобранителство, дел од судските постапки се правосилно завршени и донесени се и пресуди со кои се утврдува ништовност на склучената спогодба помеѓу „Трансмет“ и „Пуцко петрол“.


дма/лв/ Фото: МИА архива .

Извор: МИА