Breaking News

Државниот архив домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања


Од денеска до 10 ноември, Државниот архив ќе биде домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања (ИКАРУС) со седиште во Виена, кој ќе се одржи во Скопје и во Охрид.


Како што информираат од Државниот архив, темата на Конвенцијата е „Заедничко архивско наследство – заштита, достапност и дигитализација“.


Посочуваат дека во рамки на оваа Конференција ќе бидат презентирани трудови од околу 60 архивски професионалци од Европа и пошироко. фф/мд/Фото: Државен архив .

Извор: МИА