Breaking News

Досега се избрани шест поротници за судењето против Доналд Трамп


Шест поротници беа избрани синоќа за поротата на судењето против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за фалсификување деловни документи во случајот со тајните плаќања кон порно актерката Сторми Даниелс.


Изборот на 12-члена порота што ќе може да биде праведна кон екс-претседателот на Републиканската партија, продолжува. Изборот на поротата  почна во понеделникот и може да трае најмалку седум дена.


Тоа вклучува избор на 12 жители на Менхетен, област во Њујорк претежно наклонета кон демократите.

Се очекува тие да бидат непристрасна порота во кривичниот процес против поранешниот претседател и републиканскиот кандидат на претстојните ноемвриски избори. ссм/фото: ЕПА .


Извор: МИА