Breaking News

Документарен филм „Превенција подобро од лекување“ денеска во Кинотека


Во организација на Здружението за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствените права „Биди човек“, денеска во Кинотеката на Северна Македонија премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Превенција подобро од лекување“.


Како што најавија организаторите, станува збор за филм кој е моќен доказ за издржливоста и храброста на три извонредни жени кои храбро се борат со карцином на јајниците.


-Преку нивните лични приказни, документарецот фрла светлина врз предизвиците, триумфите и издржливоста на оние кои се погодени од карцином на јајниците, нудејќи им на гледачите подлабоко разбирање за влијанието на оваа често занемарена болест – тивок убиец.

По премиерното прикажување, ќе следува панел дискусија на која ќе се потенцира важноста од раното дијагностицирање, третман и поддршка, посочуваат во соопштение.


Говорници на панел дискусијката ќе бидат проф. д-р Глигор Тофоски, проф.

д-р Ана Данева, психолог Тина Чачоровска, жените кои се избореле и се борат со карциномот на јајниците Анита Бошкова, Емилија Христовска Костовска, Марија Стоименова и претседателката на Фемина М, Милица Кузмановска.


Реализацијата на овој проект е овозможена од „dm drogerie markt“. бт/са/Фото: Фејсбук страница на „Биди човек“    .

Извор: МИА