Breaking News

Договор за изработка на физибилити студија и проект за логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе го потпише договорот за ангажирање на консултатнтска фирма за изработка на физибилити студија и основен проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје.


Изградбата на логистичко-дистрибутивна платформа е значајна капитална инвестиција, која заедно со изградбата на двата откупни центри во Струмица и Ресен имаат за цел да се олесни дистрибуцијата на храна и пристапот до пазарот на големо, како и поврзаноста со балканскиот регион, соопшти МЗШП.


Капиталниот проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје и откупните центри во Струмица и Ресен се реализира преку Проектот за модернизација на земјоделството со финансиска поддршка од Светската банка.

са/дма/Фото: МИА архива .


Извор: МИА