Breaking News

Доделување грантови во рамки на вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици


– Во Стопанска комора денеска ќе се одржи вториот национален настан за доделување грантови во Северна Македонија на кој официјално ќе бидат објавени резултатите од изборот во рамки на вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ).


На настанот ќе се обратат Антони Пешев, Извршен директор на Стопанска комора на Северна Македонија, Ото Граф, вршител на должност амбасада на Сојузна Република Германија во земјава, министерот за образование Јетон Шаќири, Мориц Реме, директор на канцеларијата на Германската банка за развој во Северна Македонија и Косово, Татјана Штерјова Душковска, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан и Фридер Верман, раководител на тимот, Регионален фонд за предизвици.


Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) е финансиски инструмент дизајниран да ја зголеми вработливоста на младите и да ја поттикне конкурентноста на претпријатијата во земјите од Западен Балкан 6, преку инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти кои спроведуваат дуално или кооперативно образование и обука, имплементирани од установи за стручно образование и обука, во партнерство со претпријатија.

Грантовите се доделуваат на основа на регионален натпревар. свс/вг/ Фото: МИА архива .


Извор: МИА