Breaking News

Доделени првите решенија за субвенции на инвертер клими или соларни панели во општина Илинден


Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски денеска ги додели првите решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели.


Како што информира општина Илинден, градоначалникот Георгиевски истакна дека целта е да се стимулираат граѓаните и домаќинствата за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.


– Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година.

Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50 отсто од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел, односно до максимум 10. 000 денари по производ.


Грижата и поддршката за граѓаните е секогаш приоритет на Општина Илинден, така што ќе продолжи и во наредниот период со доделување на субвенции, се наведува во соопштението од општина Илинден.

мд/са/Фото: Општина Илинден  .


Извор: МИА