Breaking News

„Добри гости“ ‒ серија книжевни гостувања во Струмица


Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје вечер во Струмица ќе го реализира четвртото издание на проектот „Добри гости“ преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.


На четвртото издание на „Добри гости“ во Europe House Струмица поезија и проза ќе читаат Виолета Танчева-Златева, Лилјана Пандева, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Ивана Јовановска, Викторија Ангеловска, Сузана Мицева, Ана Витанова Рингачева, Вања Изова Велева, Далибор Плечиќ, Киро Донев, Митко Гогов, Наташа Василевска-Трајчевска, Катерина Панов Кожаров, Ацо Гогов, Никола Сарајлија, Ице Беличев и Елизабета Дончевска-Лушин, а настанот ќе го модерираат Јулијана Величковска и .


Андреј Медиќ Лазаревски.

„Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.


Овие гостувања се планира да се одржат во повеќе градови, по што иницијативата ќе заврши кон крајот на 2024 г.

со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори. дма/мд/Фото: ПНВ Публикации .


Извор: МИА