Breaking News

До петок дожд, грмежи и ветер


Во среда кон крајот на денот, во текот на ноќта и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, соопшти УХМР.


Утре и во четврток ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југозападен правец.


Во четврток во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата. /Фото: МИА архива .

Извор: МИА