Breaking News

До 1 февруари може да се доставуваат трудови за конкурсот за годишната награда од областа на макроекономијата и банкарството


Народната банка денеска соопшти дека 1 февруари е крајниот рок за доставување на трудовите за конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството.


 Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 години, кои не се вработени во Народната банка и не се членови на Советот.


Авторите имаат право да конкурираат на конкурсот за избор на најдобар труд и со труд што веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2022 година.

Трудовите се поднесуваат до Народната банка по електронски пат на е-адресата: konkurs@nbrm. mk. Годишната награда на Народната банка за прворангираниот труд изнесува 100.


000 денари, но, доколку Одборот за оценување процени дека второрангираниот труд е исто така со квалитет близок до прворангираниот, Народната банка може да додели и втора награда во износ од 50.

000 денари.


– По оцена на Одборот, може да биде доделена и само втора награда или воопшто да не биде доделена Годишната награда, доколку се утврди дека ниеден од трудовите не ги исполнува потребните услови, се вели во соопштението од Народната банка.

Оттаму посочуваат дека постојано ја поттикнуваат научно-истражувачката мисла во областа на макроекономијата и банкарството и дека Годишната награда за млади истражувачи е дополнителна алатка за мотивирање на младата популација за унапредување и развој на истражувачката и аналитичката работа во областа на економијата.


бак/Фото: Народна банка .

Извор: МИА