Breaking News

ДКСК: Од 1 јануари 2024 во функција нов електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси


Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека од  1 јануари 2024 година ќе биде во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.


-Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.


01. 2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем  со најава на следниот линк: https://imotnasostojba. dksk.

mk/, а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК, информираат од Државна комисија за спречување на корупцијата. сст/дма/фото МИА архива .


Извор: МИА