Breaking News

ДКСК ќе ја одржи 97.седница


Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 97-та седница.


 На дневен ред се предлог записниците од претходните 95-та и 96-та седница на Антикорупциската комисија,  Програма за работа на ДКСК за 2024 година, Годишниот план за следење на имотната состојба и интересите за 2024 година, Годишниот план за антикорупциска проверка на легислативата за 2024 година, како и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за имотната состојба и интересите.


Членовите на ДКСК ќе ги разгледаат и Функционална анализа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Антикорупциска програма за јавни претпријатија и АД во државна сопственост, Усвојувањето акти огласно Законот за заштита на личните податоци, постапување по конкретни предмети, како и постапувањето по пријави од укажувачи.

дма/са/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА