Breaking News

ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот


Државниот испитен центар (ДИЦ) демантира објави во некои медиуми дека се пробиени тестови од државната матура и појаснува дека имало споделување на тестови во вибер-групи откако почнало полагањето на испитот.


– Тестовите од Државен испитен центар не се пробиени.


Тестови не се пробиени до 10 часот кога почна тестирањето, тестови се споделени во вибер-групите од страна на членовите откако започна реализацијата на испитот.

Државниот испитен центар нагласува уште еднаш тестот не е пробиен,  туку бил споделуван откако е започната реализацијата на испитот, соопшти ДИЦ.


 Наведува дека како и во минатите години, пред почетокот на државната матура апелирал до сите матуранти и до сите што се вклучени во реализацијата  на испитот да се почитуваат правилата за изведување на државната матура.

– Должност и обврска на ДИЦ е да ја спроведе матурата со подготовка на тестовите и нивна дистрибуција до училиштата.


Тој процес е најпрофесионално извршен од ДИЦ, посочува Државниот испитен центар и информира дека ќе постапи согласно законот доколку се нарушени правилата за реализација на испитите.

Матурантите денеска од 10 часот го полагаа вториот екстерен испит кој е изборен од предметите: Математика, Англиски јазик, Германски, Француски, Руски јазик, Филозофија и Естетика.


хс/сп/ Фото: МИА   .

Извор: МИА