Breaking News

Дискусија за Планот за развој на Западен Балкан


Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска организира  дискусија за Планот за развој на Западен Балкан презентиран од Европската комисија, насловена „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“-На настанот ќе се разговара за тоа како овој план ќе го поддржи развојот на рамката за економско управување и да ги доведе земјите кандидати од Западен Балкан да ги исполнат економските критериуми во процесот на пристапување.


Настанот ќе ги собере креаторите на политиките и претставниците на граѓанското општество, академската заедница и бизнис-секторот за да размислуваат за овие релевантни прашања, наведува ЕПИ.


хс/лв/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА