Breaking News

Директорот на АХВ Бабовски на едукативна работилница „Намалување на инциденти од небезбедна храна во претшколски установи – градинки во Пелагониски регион”


Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денеска во Битола ќе учествува на едукативната работилница „Намалување на инциденти од небезбедна храна во претшколски установи – градинки во Пелагониски регион”.


Работилницата ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на циклусот обуки кои почнаа минатата година, а се однесуваат на обновување и стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи. цр/нд/


Фото:МИА
Битола, 25 април 2023 (МИА)