Директорите од основните училишта со ресурсни центри на средба во МОН


Во Министерството за образование и наука денеска се одржал состанок на државниот секретар со директорите на основните училишта со ресурсен центар, со цел  да се разгледаат предизвиците и придобивките при реализација на инклузивното образование, како и квалитетот на соработка на основните училишта со ресурсните центри.


-На состанокот беа отворени повеќе прашања произлезени од праксата, за кои дополнително  треба да се прават консултации или одредени измени во постоечката законска легислатива.


Со оглед на тоа дека основните училишта со ресурсен центар се одговорни за избор, селекција и вработување на образовните асистенти, на состанокот стана збор и за процесот и начинот на нивно кооординирање во основните училишта.

Заеднички заклучок е дека е потребно континуирано професионално усовршување на полето на инклузивното образование на вработените во основните училишта со ресурсен центар, но и на вработените во основните училишта, наведува Министерството за образование и наука.


Исто така, посочува МОН, потребно е и зајакнување на соработката на образовните институции за реализација на квалитетно инклузивно образование, како што се службите за функционална проценка, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат со основните училишта и со основните училишта со ресурсен центар.

-Инклузивното образование е процес кој трае и во кој постојано треба да се инвестира со цел подобрување на квалитетот, наведува МОН. хс/лв/Фото: МОН   .


Извор: МИА