Џез концерт на „Парусион Груп” по повод 8 Март 


Во пресрет на 8 Март – празникот на жената, во Домот на култура „Билјана Беличанец” ќе се одржи Џез концерт на „Парусион Груп” .


Составот “Парусион Груп” е предводен од Михаил Мишко Парушев, кој е композитор и свири на ударни инструменти. Член на меѓународно признатиот музички бенд „Леб и Сол“.


Во 1992 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок фестивал. Почнувајќи од 1989 година па се досега, тој настапува низ целиот свет со врвни музичари.

Како инструменталисти во “Парусион Груп”, покрај Михаил Парушев на тапаните, ќе настапат Зоран Костадиновски на гитара, овој пат Јован Цветковиќ на пијано, Дионис Стратров на бас и Петар Колевски на кларинет и саксофон.


свс/аа/Фото: Кисела Вода .

Извор: МИА