Breaking News

Џафери во посета на Општина Теарце


Претседателот на Техничката влада на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе престојува во посета на населеното место Теарце.


Како што соопштија од владината прес-служба, предвидено е Џафери да ги посети Општина Теарце, Основното општинско училиште „Асдрени“ во село Глоѓи и да направи увид на патот во селото Глоѓи каде и ќе даде изјава за медиумите.


вг/црФото: МИА Архива  .

Извор: МИА