Breaking News

Џафери во посета на општина Гостивар


  Техничкиот премиер Талат Џафери денеска  ќе присуствува на увид во градежните активности на делницата Гостивар – Букојчани дел од Коридор 8, по што ќе има изјава за медиумите.


Како што информираат од владината прес-служба, во рамки на посетата на Општина Гостивар, Џафери ќе ја посети и Јавната здравствена установа – Општа болница „Ферид Мурад”, а ќе присуствува и на увид на градежните активности на патот Здуње – Дебреште.


ар/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА