Breaking News

Џафери се сретна со претседателот на Собранието на Саудиска Арабија, Мухамед Ал Шеикх


Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска се сретнал со Абдулах бин Мухамед Ал Шеикх, претседател на Собранието на Кралството на Саудиска Арабија на која биле поздравени досегашните добри и пријателски односи меѓу двете земји, соопшти собраниската прес-служба.


Ваквите посети од највисоки претставници од Саудиска Арабија, како што истакнал Џафери, се поттик за понатамошно зајакнување на соработката на повеќе нивоа, со акцент на потребата од интензивирање и зајакнување на взаемната политичка комуникација на сите нивоа, особено и на економски план.


Како што соопшти собраниската прс-служба, Џафери особено ја потенцирал парламентарната соработка и ги поздравил досега прифатените иницијативи од страна на Саудиска Арабија за потпишување на повеќе билатерални договори во разни области.

Ги информирал соговорниците за стратешката определба на земјава да се стреми секогаш кон мирот и мирното решавање на конфликти и во таа насока изразил надеж дека воените дејствија на Блискиот Исток и во Украина што поскоро ќе завршат.


Ја поздравил досегашната соработка на мултилатерален план, а ја нагласил и можноста во наредниот период заеднички со Кралството на Саудиска Арабија да се работи на искористување на економскиот потенцијал и зголемување на трговската размена.

Претседателот на Собранието на Кралството на Саудиска Арабија, заблагодарувајќи се на, како што нагласил, топлиот прием во Собранието на Република Северна Македонија и средбата со Џафери, потврдил дека овие средби се корисни и за двете страни, особено во насока на зајакнување и зближување на взаемните меѓудржавни односи.


Во таа насока, тој му предложил на претседателот на македонското Собрание во наредниот собраниски состав да се формира посебна група за соработка само со Кралството на Саудиска Арабија, а упатил и вербална покана за официјална посета на Кралството на Саудиска Арабија во наредниот период.

-Ние како земја и нација сме определени за мир и соработка со сите земји во светот и во таа насока би сакал да работиме со Вашата земја на поголемо искористување на економскиот потенцијал кој го имаме, нагласил претседателот на Собранието на Кралството на Саудиска Арабија, Абдулах бин Мухамед Ал Шеикх.


сст/бак/фото и видео Собрание на РСМ  .

Извор: МИА