Breaking News

Џафери на увид во градежните активности на делницата Петровец – Катланово


Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ќе изврши увид во градежните активности на делницата Петровец – Катланово.


 Вкупната должина на рехабилитацијата со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово изнесува 10,7 километри, а инвестицијата е во висина од 6,3 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР.


По увидот, како што е најавено, предвидени се изјави за медиумите. мд/вг/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА