Џафери: Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците за да обезбедиме напредок и благосостојба за граѓаните


Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на православна вероисповед по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.


 – Нека водата која дава живот, која храни и негува, расте и развива, протече лесно и брзо. Нека биде бистра и моќна.


Нека биде силата која ќе не обедини како граѓани, како соседи, пријатели и соработници.

Да бидеме заедно и едногласни, придонесувајќи за целта која ја посакуваме и заслужуваме – Република Северна Македонија, напредна, успешна и полноправна членка на европското семејство на народи.


Нека овој празник ги растера темните и неизвесни облаци, нека ги облагороди мислите и поттикне солидарност, сочувство и искреност во секој од нас.

Мудро, зрело и одговорно да ги надминеме предизвиците што ги носи иднината за да обезбедиме мир, напредок и благосостојба за граѓаните и за Република Северна Македонија, се вели во честитката од претседателот на Собранието.


бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА