Breaking News

Џафери ќе учествува на редовното 61. Генерално собрание на ПАБСЕК во Анкара


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери утре и задутре ќе учествува на редовното 61.


Генерално собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК) во Анкара, Република Турција.


 Како што информира собраниската прес-служба, учеството на Џафери е на покана на претседателот на ПАБСЕК проф. д-р Мустафа Шентоп.

 Во состав на делегацијата се пратеничките Лидија Тасевска, шеф на делегацијата и членките Вјолца Адеми и Благица Лесовска и генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија Цветанка Иванова.


Џафери, во својство на специјален гостин, ќе се обрати на свечената седница по повод 30-годишнината на ПАБСЕК, во делот Самит на претседатели на парламенти на тема: „30-годишнина на ПАБСЕК: Заедничка географија, заедничка визија, заедничка иднина“.

На истата пленарна седница со свое поздравно обраќање ќе се обратат и проф.


д-р Мустафа Шентоп, претседател на ПАБСЕК и претседател на Големото национално собрание на Република Турција, Асаф Хаџијев, генералниот секретар на ПАБСЕК и други гости.

Според Програмата, предвидено е и усвојување на заедничка изјава на претседателите на парламентите на земјите-членки на Црноморската економска соработка и доделување на Медал на честа на ПАБСЕК.


мд/аа/Фото: МИА архива  Извор: МИА.