Breaking News

Џафери и пратеници на 4. Жан Моне Дијалог во Базош


На покана на европратениците Андреас Шидер, Марион Валсман и Илхан Ќучук, олеснувачи на Дијалогот Жан Mоне, од денеска до сабота претседателот на Собранието Талат Џафери, заедно со поголема група пратеници и вработени од Службата на Собранието, од денеска до сабота ќе учествуваат на 4.


Жан Моне Дијалог, што ќе се одржи во куќата на архитектот на денешна Европа и креаторот на Шумановата Декларација, Жан Моне, во Базош, Франција.


Како што соопшти собраниската прес-служба, во состав на делегацијата се и потпретседателот Хусни Имасили, координаторите и замениците координатори на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески и Диме Велкоски, на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицески и Дафина Стојаноска, координаторот на ДУИ, Арбер Адеми и пратеникот Арбен Зибери, од Алијанса за Албанците, координаторот Атнан Незири и пратеникот Зијадин Села, од Алтернатива, Сафије Садики Шаини и од Движењето БЕСА пратеникот Фадил Зендели.

Во составот на делегацијата се и членовите на работната група за учество во Дијалогот Жан Моне, односно, Соња Миракоска, пратеник и копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Макеоднија, Панчо Минов, пратеник и претседател на Комисијата за деловничко, мандатно-имунитетни прашања, Снежана Калеска Ванчева, пратеник и Моника Зајкова, пратеник од Коалицијата СДСМ.


На конференцијата ќе присуствуваат и надворешните експерти поканети од претседателот Џафери, универзитетскиот професор Јетон Шасивари и Жане Гушева, генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова и дел од стручната служба на Собранието, односно членови на работната група за учество на Дијалогот Жан Моне.

Покрај тројцата европратеници, ќе учествува и поранешниот европратеник и олеснувач, Иво Вајгл и генералниот директор за соседство и преговори за проширување, Герт јан Коопман.


 Четвртиот Жан Моне Дијалог, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе овозможи размена на научените лекции и најдобрите практики од претходните проширувања на ЕУ, со фокус на трансформативната димензија на овој процес и улогата на Собранието во него.

По заедничката средба со европратениците, Џафери ќе има воведно излагање на почетокот на работната вечера, на воведната сесија на тема „Преглед на изминатите Жан Моне дијалози и постигнувања и на Сесијата II на тема: Поглед напред – улогата на Собранието во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ“.


дма/бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА