Breaking News

Џафери: Должни сме да сме со граѓаните, а не затворени во канцеларија


  Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ја посети првата градинка во општина Арачиново. Градинката има капацитет за згрижување 115 деца.


Вкупната вредност на проектот изнесува над 45 милиони денари. Посетата на градинката, како што изјави Џафери, е негова дневна активност, покрај тие во Кабинетот.


– Должни сме да сме со граѓаните, а не затворени во канцеларија. Основна работа ни е да бидеме во ваква директна комуникација со граѓаните и одблиску да ги гледаме потребите, рече Џафери.

-Задоволство е да ги видам овие предуслови овде кои што се наменети за најмилите, најмладите кои што од мали нозе ќе имаат можност да прават разлика што е убаво, што е добро и тоа секако ќе влијае и врз нивниот интегритет и градењето на нивната личност, од тука па се до ситуација кога ќе дојдат да бидат полнолетни.


Од тука се гради практично перцепцијата за обврските кои ќе следат во време кога ќе се нафатат на тие обврски, рече Џафери.

Тој упати честитки за новиот објект, истакнувајќи дека родителите ќе бидат поспокојни знаејќи дека децата ги оставаат во соодветни услови, во соодветна грижа.


– Особена почит за екипата која ќе се грижи за децата овде, тие кои се ангажирани. Почит поради работата која ја вршат, рече Џафери на настанот, придружуван од градоначалникот Ридван Ибраими.

бд/лв/Фото: МИА .


Извор: МИА