Џабир Доко учествуваше на 27. Евроазиски економски самит во Истанбул


Заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците во техничката Влада, Џабир Доко учествуваше на 27. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од Фондацијата „Мармара груп”.


Во своето обраќање на тема „Вештачка интелигенција: иднината на човештвото и правната инфраструктура“, заменик министерот Доко, како што соопшти неговиот Кабинет, ги оценил можностите што ги нуди вештачката интелигенција, нејзиниот потенцијал, нејзините ефекти врз нашите животи и правните чекори што треба да се преземат за да се намалат ризиците кои се појавуваат со примената на оваа револуционерна технологија.


Европскиот парламент и земјите-членки неодамна постигнаа договор за првиот „Закон за вештачка интелигенција“ во светот.

Со овој закон, системите за вештачка интелигенција кои се користат за управување со области како што се вода, енергија, судство, здравство и биометрија ќе бидат проверени со одредени критериуми и ризиците ќе се минимизираат.


Овој закон се очекува да стапи на сила во цела ЕУ од 2026 година. дма/са/Фото: Кабинет на заменик министерот за ПСОЗ  .

Извор: МИА