Breaking News

Девето издание на SPEECH4TEACHERS на тема „Еднакви можности во образованието“


Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и Фондацијата Отворено општество – Македонија, со деветото издание на настанот Speech4Teachers, денеска го одбележаа Меѓународниот ден на детето преку обраќањата на неколку образовни експерти, практичари и креатори на образовни политики, кои говореа за еднаквите можности во образованието.


-Преку своите инспиративни говори нови перспективи и идеи, говорниците повикаа на унапредување на свеста за важноста на еднаквите можности во образованието, како опкружување во кое владее правичност и во кое секое дете е поттикнато и поддржано во целост да ги оствари своите потенцијали, соопштија од фондацијата „Чекор по чекор“.


 На настанот беа претставени и ученичките активностите реализирани во пет основни училишта за унапредување на образованието со цел овозможување еднакви можности.

Настанот заврши со пораката: „ Да продолжиме да придонесуваме кон образовен систем кој се грижи да обезбеди рамноправни можности за сите деца, без разлика на нивниот социо-економски статус“.


љм/са/Фото: Фондација „Чекор по чекор“  .

Извор: МИА