Breaking News

Десетици оперативци на Хамас неутрализирани во Газа


Израелските одбранбени сили (ИДФ) утринава соопштија дека во вчерашните напади неутрализирале десетици оперативци на Хамас во градот Газа.


Израелската армија објави дека извршила воздушни и поморски напади врз оперативни ќелии и инфраструктура низ појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.


Две згради што ги користеше Хамас во северниот дел на Газа беа уништени и беа запленети големи количества воена опрема, вклучувајќи бомби, оружје и опрема за комуникација.

Палестинската страна синоќа и утринава извести за израелски тенковски оган и бомбардирање во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА