Breaking News

Десетици бегалци Рохинџи спасени од превртен дрвен чамец во близина на брегот на Индонезија


Индонезиски брод за пребарување денеска пронашол превртен дрвен брод со десетици бегалци Рохинџи и почнал да спасува преживеани.


На рибарските чамци се качиле околу 10 луѓе, а 59 од нив биле спасени од екипажот на индонезиски брод кој тргнал во спасувачка мисија од северозападниот дел на островот Суматра.


Меѓу бегалците има мажи, жени и деца, а се проценува дека на дрвениот чамец имало вкупно меѓу 60 и 100 луѓе. Минатата година, речиси 4.

500 припадници на муслиманското малцинство Рохинџи, од кои две третини жени и деца, со чамци го напуштија Мјанмар и бегалските кампови во соседен Бангладеш.


Од нив, 569 загинале или исчезнале додека го преминувале Бенгалскиот залив и Андаманското Море, што е најголем број жртви од 2014 година.

Околу 740 илјади Рохинџи избегаа пред неколку години во соседен Бангладеш, бегајќи од етничкото чистење во Мјанмар. мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА