Breaking News

Ден на албанската азбука – 115 години од Битолскиот конгрес


Во космополитска Битола, во 1908 година, на покана на раководството на клубот „Башкими“, во градот под Пелистер се одржа Битолскиот конгрес, собир на интелектуалците за создавање на една единствена албанска азбука.


Во зачувани документи во НУ Музеј на албанската азбука-Битола, е запишано -се повикуваат сите Албанци, геги и тоски, како и странци и посебно филолозите, кои се заинтересирани за ова прашање, да земат учество на конгресот.


Во периодот од 14 до 22 ноември 1908 година, на Конгресот учествуваат 32 делегати со право на глас, претставници на 26 градови и различни албански друштва, а на последниот работен ден, Комисија за азбуката во која членуваа Ат Ѓерш Фишта, Луиѓ Гуракуќи, Сотир Пеци, Митат беј Фрашери, Шахин беј Колоња, Димитри Буда, Дом Ндре Мједа, Ѓерѓ.

К. Ќириази, Бајрам Фехми Топули, Нужет Вриони и Глигор М. Цилка донесува историска одлука.


Решението на Битолскиот конгрес за азбуката е објавено на отворена седница со јавно презентирана Одлука за создавање на албанската азбука, потпишана од сите присутни делегати на Битолскиот конгрес.

Конгресот на уедничување на азбуката на албанскиот јазик, одржан во Битола, во 1908 година, претставува еден од најзначајните настани во историјата на културата, и на албанскиот народ во целина, а од 2007 година согласно Законот за празниците во Република Македонија, 22 ноември се празнува како државен празник – Ден на Албанската азбука.


мт/фф/Фото: МИА .

Извор: МИА